четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 148
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи предлага нов човек во политиката и врвен професионалец

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи предлага нов човек во политиката и врвен професионалец

Веднаш после средбата со господинот Ахмети, имавме средба со премиерот во заминување господинот Зоран Заев генерално три теми би ги издвоил од нашиот денешен разговор. Првата тема беше името за техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше поврзана со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од техничката влада и трета тема беше, која што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните кои што се во собранието поврзани со тоа прашање, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-По првото прашање, разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари. Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава, рече Мицкоски и додаде:

„Поврзано со второто прашање, а тоа е со останатите предлози како што се техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите, земјоделие, финансии и администрација. Отприлика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите да техничкиот премиер ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација а дури потоа од кога ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста. Поврзано со третото прашање разговаравме и ние како ВМРО ДПМНЕ изразивме спремност  да веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на таканаречените отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори посебно за листите на советници. Од прилика тоа беа трите теми кои што би ги издвоил од денешната дискусија“.

Коронавирус