недела, 27. септември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за оставка на Заев и за распуштање на парламентот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за оставка на Заев и за распуштање на парламентот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во Собрание ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на парламентот.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

-Велеа сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е „за“, а кој моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски и го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека државата не била волку поделена досега и дека Македонија е во најтешка ситуација по осамостојувањето.

-Да го спречиме пеколниот план за уништување на Македонија, има време и за реформи и за корекции, додаде тој.

Коронавирус