понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за тргувањето и притисоците на власта со гласовите на пратениците за промена на името

Мицкоски:  ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за тргувањето и притисоците на власта со гласовите на пратениците за промена на името

ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за притисоците кои Зоран Заев и власта ги вршеле врз пратениците на опозицијата со цел нивен глас за промена на името истакна уште еднаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа. Тој посочи дека трговијата со гласовите на пратениците е вршена директно или преку посредници и им се ветувани разни бенефиции, но дека во овој момент опозицијата нема доверба во како што вели, Кацарска судството и Рускоска обвинителството и истерување на правдата до крај.

-Да точно е ВМРО-ДПМНЕ има материја кои што докажуваат како е вршена трговијата со гласовите на овие луѓе или директно или преку посредници. И сега вие веднаш можете да ми поставите прашање, зошто не ги предадете во ОЈО или зошто не отпочнете судски постапки. Може и тоа да се случи, но за тоа да се случи за да бидеме сигурни дека тие докази навистина ќе бидат употребени во насока на бранење на правото и излегување на правдината на виделина ние треба да имаме реформирано судство, а не Рускоска обвинителство и Кацарска судство. Судии и обвинители снимани две години, никој не знае кој ги снимал, зошто ги снимал итн. итн. Немаме едноставно доверба каде и кому да ги процесуираме овие материјали. Инаку да имаме докази каде преку посредници се нуди ова и она, потенцираше Мицкоски.