петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да признае резултати од фалсификат попис

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да признае резултати од фалсификат попис

После очигледната злоупотреба на европското знаменце, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира заедно со граѓаните и ќе поднесе иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање на потписи за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието, за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе, изјави на денешна прес конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– И за ова ги повикуваме сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност или неприпадност без разлика на нивната етничка и верска припадност да ни се приклучат и придружат затоа што на Македонија и е потребен попис кој што ќе даде одговор на статистичките дилеми а не повторно попис кој што ќе биде политички и попис кој што нема да даде одговор на прашањата кои што ја засегаат македонската јавност, апелира Мицкоски.

Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе отпочне иницијатива на собирање потписи во министерството за правда и како резултат на тоа собирање на потписи и таа иницијатива ќе достават предлог закон во Собранието со кој што ќе  се предвиди поништување на овој закон кој што по насилен пат се подготвува владејачкото мнозинство да го донесе и за ова повикуваме на масовна мобилизација.

– Доколку и покрај тоа и овој предлог закон одлучи владејачкото мнозинство да го игнорира и да ја игнорира волјата на илјадници десетици би рекол стотици илјади македонски граѓани тогаш ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека резултатите од овој попис нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои што ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис немаат намера да ги почитуваат. Затоа апелираме на разум апелираме на државотворност и апелираме на консензус општествен и политички пред било што да се дрзнат да направат од владејачкото мнозинство, додаде Мицкоски.

Коронавирус