ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од срамниот чин на менување на Уставот по Договорот од Преспа, ниту пак од постигнување на Договорот, ниту го легитимираше со потпис, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на кумановската телевизија Плус. Сепак тој кажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја формира владата ќе има две можности.
-Првата, доколку имаме 80 пратеника и мнозинство од останатите заедници ние имаме можност да се вратиме чекор назад, но ако тоа не се случи одиме на второто Македонија на брза лента, реформи и одење напред, рече Мицкоски.
Сепак тој објасни што е клучно.
-Но, на граѓаните никој не може да им забрани да се себеименуваат како Македонци кои говорат македонски јазик, рече Мицкоски.