понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нови решенија кои ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди нови решенија кои ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес ги започна теренските посети низ Македонија. Како што истакна неговите активности ќе се одвиваат насекаде низ Република Македонија, преку посети на градовите и селата.

-Посетите на општинските комитети каде што очекуваме да собереме голем број на идеи кои што понатаму ќе бидат навигација во новата програма која што ВМРО-ДПМНЕ после завршувањето на овие теренски посети ќе ја промовира во Република Македонија и ќе понуди нови решенија кои што ќе значат нова, современа технолошки развиена Република Македонија. Решенија кои што ќе гарантираат подобра иднина за земјоделците, лекарите, адвокатите, студентите младите луѓе во целост, истакна Мицкоски по денешната посета на Струмица.

Тој истакна дека сите оние целни групи кои што се разбира очекуваат резултати, очекуваат подобар живот во Република Македонија, но она што го добиваат денеска разочарувања и понижувања на дневна основа.

-Токму од Струмица ја започнувам оваа теренска посета и имав дружење со младите од овој град. Младите ме информираа за сета онаа ситуација која што се случува во Република Македонија, поготово во нивниот град. Разговаравме околу актуелните политички и економски теми, а посебно се загрижени за застојот во економијата бидејќи не гледаат перспектива со ваква економија која што е на дното во Европа навистина се загрижени за својата иднина. Ние не смееме да дозволиме уште една генерација да изгубиме. Изгубивме многу генерации, не смееме да изгубиме уште една генерација. И токму  затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ помеѓу нив да собере идеи, да собере предлози кои што понатаму заедно со оние кои што веќе ги имаме разработено да ја креираме таа нова програма која што ќе донесе нова надеж за подобра иднина и поквалитетна иднина за сите граѓани во Република Македонија, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека генерално посетата продолжува.

-Ќе имаме состаноци со останати целни групи. Денот продолжува со општинските комитети во Конче потоа со месниот комитет во Велјуса тука во Струмица и на крајот на денот ќе завршиме со состанок во општинскиот комитет во Струмица. Во меѓувреме ќе имаме состаноци со повеќе целни групи кои што очекуваме голем број на предлози и идеи, посочи тој.