петок, 23. јули 2021. Вести денес: 66
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери и иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на законот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери и иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на законот

Кривична пријава за претседателот на Собранието Талат Џафери и иницијатива за оценува на уставноста на Законот за јазици до Уставниот суд ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, информираше на прес конференција претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Денес СДСМ, Зоран Заев и владејчкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните. Овој чекор на СДСМ е само патување кон дното во кое сакаат да не понесат сите нас. Од оваа одлука, никој ниту денес ниту утре ќе живее подобро. Само затоа што две партии меѓусебно се договориле, изгласаа кој е неуставен, неприменлив и штетен. Договор меѓу две партии СДСМ-ДУИ, но тоа не е договор одобрен од граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека не е погазено само правото, а ваквиот чекор на носење на закон е удар и врз соживот.

-Некој свесно не турнува одново во непосакувано сценарио во кое влогот е Реепублика Макеоднија. Држава во која правото не владее и не е приоритет. Беззаконието станува практика и начин на управување. На оваа влада најсилен приоритет и стануваат договорите штетни за државата, но не и економскиот раст и европската иднина. Власта претходно ги одби и остана нема на сите наши напори да не се донесе овој закон и да се избегне ова сценарио. Ја одби нашата иницијатива преку работни групи да се подобри решението и да стане уставно. Одби да се разговара и за пподнесените амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои беа наше право и деловничка можност и на крај ја одбија понудата да обезбедиме парламентарно мнозинство преку нашите пратеници за поддршка на владата, само за да премиерот Заев излезе од уцената и концесијата која ја имал за носење на овој неуставен закон, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека очигледно концесијата е поголема од значењето на државните интереси.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери поради флагрантно кршење на Уставот и законите. Ова е Закон кој ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае. Дополнително, по официјалното објавување во Службен весник, како партија ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста за овој неутавен закон.  Ќе потсетам, Уставниот суд има обврска да ја заштити уставноста во државата. Ако некој мисли дека ова безредие ќе трае вечно се излажал, но кога ќе заврши многу работи ќе бидат поинакви. Ќе се почитуваат државата, Уставот и државните интереси, а злосторниците ќе одговараат за своите злодела. Македонија е силна, а силата е во народот. Граѓаните заслужуваат подобра држава, ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ останува да биде гласот на народот, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа силата и одговорот на народот, дециден е Мицкоски.

Коронавирус