понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 86
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Денеска бевме еве овде во Прилеп на состанок, на средба би рекол со регионалната стопанска комора. Разговаравме за проектите и содржината со фокус на економскиот дел, економската понуда од нашата читанка како што секаде ја претставуваме „Проект – Обнова“, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зборувавме за предизвиците со кои што денеска се соочуваат би рекол луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп кои што се дел и членки на регионалната стопанска комора.

Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост, вели Мицкоски.

Тој додава дека потоа зборувавме за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите. Зборувавме и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката. Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп.

Коронавирус