вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази СДСМ секогаш, прв приоритет во моментов е здравствената криза

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази СДСМ секогаш, прв приоритет во моментов е здравствената криза

Одржување предвремени парламентарни избори во моментов не е меѓу трите актуелни приоритета на ВМРО-ДПМНЕ, рече нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во партиското седиште

Опозицискиот челник уште еднаш го повтори партискиот став дека поради пандемијата на коронавирусот не треба да се одржат избори во скоро време, односно на крајот на јуни или на почетокот од јули, како што се шпекулира во медиумите.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го порази СДСМ секогаш, и на сите граѓани тоа им е јасно, кога и да се случат изборите. Но, исто така, познат е и ставот на партијата дека одржување на предвремени парламентарни избори во услови на пандемија на Ковид-19, во услови кога ги броиме заразените и оние кои, за жал, го губат животот, во услови на економска, санитарна и образовна криза и фактот дека имаме кризна состојба, еден од трите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не е одржување на парламентарните избори. Најпрво, да се избориме за здравјето на луѓето, да ја вратиме економијата на победничка патека, па потоа може да размислуваме за избори“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ притоа рече и дека смета оти е неуставно Собранието повторно да се состане откако веќе пратениците со огромно мнозинство гласаа за негово распуштање.

„Овој состав на парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со моментот на распуштањето е завршен. Тие го вратија легитимитетот кај граѓаните и единствен кој може да ја наполни таа сала со пратеници е народот. И не може Заев и група поранешни пратеници да го кршат Уставот“, заклучи Мицкоски.

Коронавирус