сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е силата која ќе ги донесе промените во Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е силата која ќе ги донесе промените во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера присуствуваше на отворањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, каде имаше средба со членството, поддржувачите и симпатизерите на партијата.

-Граѓаните на општина Бутел како и граѓаните ширум цела Македонија им пркосат на црнилата кои се случуваат во државата. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е под удар на криминалната и нечесна власт предводена од аболицираниот Заев, но ВМРО силата за борбата со криминалниот картел ја црпи од народот. ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот и му припаѓа на народот, а ударите од власта нема да не поколебаат да ја браниме слободата и правдата и нашите вредности, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека власта заборави на своите предизборни ветувања дадени за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во 2018-тата година и локалните избори во 2017-тата година.

-Сето она кое што беше ветувана пред две години за време на предвремените парламентарни избори во 2018-тата година и локалните избори во 2017-тата година се пика под тепих и се заборава, посочи тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во овие моменти власта манипулира со бројките за раст на бруто домашниот производ, а се со цел да се затскријат катастрофалните резултати кои Македонија ги има на полето на економијата, напоменувајќи го падот во градежништвото и недостигот на реализација на капиталните инвестиции.

-Пиши бриши економија, вчера измислија 3 проценти раст на бруто домашниот производ во третиот квартал, ама на маргините го избришаа овој од првиот квартал каде што беше 0 па сега го напишаа 0,9 или 1 процент. Како ти одговара Кочо, толку ми одговара ајде пиши си бројче само нека расте економијата. Тоа се вика пиши бриши економија, нити имаат абер, нити знаат како да ја развиваат. Инвестициите се 0 затоа што не знаат да водат проекти. Градежништвото е катастрофа затоа што не знаат проекти да водат, рече Мицкоски.

За крај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека  власта на државата и донесе неуспеси и црнила на секое поле, а розевите очила на власта  и нејзината пропаганда не го подобруваат животот на граѓаните, притоа порачувајќи дека оваа криминална влада и овие црнила мора да се победат, а ВМРО-ДПМНЕ е силата која ќе ги донесе промените во Македонија

Коронавирус