понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е расадник на кадри, а времето покажува дека без секого се може

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е расадник на кадри, а времето покажува дека без секого се може

Во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со најновите оставки во рамките на партијата вели дека веднаш на местата на Даниела Рангелова и Лука Кржаловски се назначени в.д. претседатели на УЖ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека во деновите кои престојат ќе биде реформирана структурата на тие две партиски структури, а се очекува и да се распише конкурс за пополнување на овие 2 места.

-Со ова покажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ располага со кадровски потенцијал кој што секогаш е на располагање на партијата и уште еднаш ја потврдуваме тезата дека ВМРО-ПДМНЕ била, е и ќе остане расадник на кадри во иднина но исто така и тезата дека без секого се може рече, Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус