сабота, 17. август 2019. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски: Власта врши политички прогон врз Димовски и Митевски

Мицкоски: Власта врши политички прогон врз Димовски и Митевски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ Алсат М вели дека власта врши политички прогон врз опозицијата бидејќи сфатиле дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го победат на избори и бидејќи ја губат довербата кај граѓаните, решиле да ја напаѓаат опозицијата преку апсења, политички прогон, судски терор и фингирани обвиненија.

-Еве како што бевте сведоци пред недела и нешто беше нападнат ВМРО-ДПМНЕ и беше уапсен и однесен во притвор еден член на Извршниот Комитет на партијата и еден член на Централниот комитет и претседател на Општинскиот комитет, Аеродром. Зошто ако ме прашате, одговорот е јасен Димитар Димовски е уапсен само поради една причина затоа што ги изнесуваше јавно криминалните скандали, насилничкото однесување на функционерите на СДСМ како што беше претепувањето во кабинетот на градоначалникот во Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој што е претставник на СДСМ, а Дејан Митевски затоа што на дневна основа како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ги разобличува криминалиите и неработењето на градоначалникот Златко Марин кој што е дел од СДСМ.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го издржи овој политички терор и прогон од страна на власта, но ќе дојде ден кога членот 353 став 5 од Кривичниот законик ќе почне да важи за нив, односно ќе одговараат еден ден за се она што денеска го прават.