петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Мицкоски: Власта треба да каже како 1 тон дрога поминува на граница незабележано

Мицкоски: Власта треба да каже како 1 тон дрога поминува на граница незабележано

Во текот на посетата во општина Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање на новинари одговори за големиот скандал со шверц на 1 тон дрога преку скопскиот аеродром, кој го објави ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

-Надлежните треба да објаснат како еден тон психотропна супстанција од компанија која е регистрирана како увозник на телекомуникациска опрема и галантерија, ја поминала границата. За тоа сведочат неколкумина службеници на царината. Е сега треба надлежните да дадат одговор што се случило и како овој скандал  досега не и е познат на јавноста. Ние инсистираме час поскоро да се покрене истрага за овој скандал, наместо да се монтираат политички процеси, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека очекува да се покрене вистинска истрага за тоа за кое што навистина треба да се занимаваат истражните органи.

-Ова претставува сериозен меѓународен скандал и ако не се откријат виновниците и сторителите на овој скандал имајте предвид дека следната година не 111-то ќе бидеме 130-то место на скалата на Транспаренси Интернешнл, бидејќи очигледно во Македонија мафијата си има своја држава, заклучи Мицкоски.

 

Коронавирус