вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Мицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, кампањата беше корумпирана и криминална

Мицкоски: Власта спроведе масовен поткуп, кампањата беше корумпирана и криминална

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синожешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа вели дека власта вршела директен поткуп на гласачите за време на изборниот процес, додавајќи дека дури се случувало парите кои што биле наменети за поткуп да бидат украдени, но веднаш да донесат нови пари.

-Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци  каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во  Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ се соочил со тоа верски лидер да го праша дали носи „рушвет“ посочувајќи му дека нивниот политички противник донеле како што рече тој „рушвет“ и дека таму само тоа поминува.

-Наш претставник, би рекол носител на листа оди во посета на верски лидер во тоа населено место и верскиот лидер му вели дали носи пари за рушвет, буквално вака, овој му вели молам како, што? Па ете дали носиш пари за рушвет бидејќи вашите политички противници поминаа утрово и донесоа, а тебе те примам зошто те носи овој и овој човек. И навистина кога ќе се соочите со една таква работа, со оној институционален но и вонинституционален начин на однесување, тогаш можете да кажете и буквално преку докази да презентирате многу случаи. Но, за жал сето тоа не оценувам дека ќе биде предмет на опсервација во скоро време од страна на обвинителството бидејќи за нив се поинтересни некои други работи, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека имало обиди за поткуп и дека им се приоѓало на пратениците.

-Неколкумина од пратениците ми посведочија дека си дозволиле да им пријдат и да им нудат привилегии од името на раководство на СДСМ. Потоа доколку го прифателе тоа им ветувале средби со лица од СДСМ, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека е згрозен како се поима политика од страна на СДСМ.

-Згрозен сум од начинот на кој Заев и ова раководство на СДСМ ја поима политиката. Тие мислат се се купува. Овие луѓе кои имале таков обид се брутално одбиени. Но, за жал сега имаме таква ситуација кога ова раководство од СДСМ на овој начин ја подразбира политиката. Тие ова го правеа и претходно. Но, овие 44 пратеници веднаш одбиле такво нешто, рече Мицкоски.

Мицкоски оцени и дека Власта спроведе огромен поткуп со пари институционално и со пари на рака

-Ресорниот министер пред некој ден чинам беше, даде интервју или напиша фејсбук статус каде што вели дека повеќе од 300.000 граѓани се корсиници на оние картички, кои практично според нив требаше да бидат картички со кои што ќе се помине кризата предизвикана од пандемијата Ковид 19, некаде отприлика 300.000 картички биле поделени со различна вредност, кај некој по 3.000 денари, по 6.000 денари кај некои 9.0000 денари, и според нејзините зборови станува збор за 28 милиони евра кои што институционално се поделени, дури се дела и за време на изборите, вели Мицкоски.

Изборите беа во среда,  рече, а буквално до вторникот се делеа тие картички.

-Потоа продолжија и во четвртокот иако гледаме сега кај некои тие корисници практично има проблеми односно не можат да ги користат тие средства, односно нема уплатено средства. Понатаму тука е и оној проект наречен зелена нафта, каде што имаме случај во Битола каде што висок функционер на СДСМ дели картички за земјоделците и практично на тој начин се обидува да ги условува за кој да го дадат својот глас и некаде нашата проценка е дека околу 10 милиони евра се поделени вон институционално или ние што велиме пари на рака каде што се делени буквално на цела територија на нашата држава. Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски.

Мицкоски порача дека градоначалниците на СДСМ беа главните кои спроведуваа вонинституционален поткуп.

Мицкоски потенцираше дека политичката кампања која што се водела непосредно пред одржувањето на изборите, била крајно корумпирана, недемократска и криминална. Според Мицкоски доказ за тоа се поткупот и уцените кои кои што беа забележани од полициски службеници, односно бројни случаи кои што се заведени во билтенот на МВР.

-Изборите за жал не беа ниту фер, ниту демократски. И уште пожално е што главни иницијатори на таквите избори беа поголемиот дел на градоначалници на од страна на СДСМ кои директно учествуваа во поткупот, уцените и заканите кон граѓаните. Се делеа пари на рака, се делеа т.н социјални пакети, се асфалтираа улички спротивно на законот и уште голем број прекршоци кои што ја нарушија изборната кампања. ВМРО-ДПМНЕ влезе голорако во оваа битка, со цел да се заштити македонскиот народ и државата, наспроти криминалци, рекетари и луѓе кои што учествуваа во нечистите игри, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека во голем дел од општини во Република Македонија е забележан поткуп, односно истиот е санкциониран онаму каде што е фатен на дело, но бидејќи поткупувањето трае со месеци наназад, едноставно е невозможно да се следи таквиот начин на уценување на граѓаните. Голем број на граѓани биле предмет на уцени по однос на нивните работни места, користењето на одредени субвенции, како и предмет на директни физички закани како од одредени лица, така и од градоначалниците, вели Мицкоски.

Коронавирус