сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 58
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Мицкоски: Власта си прави лакрдија со состанувањето на Собранието

Мицкоски: Власта си прави лакрдија со состанувањето на Собранието

Она што беше потребно по првите 30 дена вонредна состојба беше да се собереме повторно на лидерска и да оодлучиме. Ова што сега се прави со состанување на Собранието е лакрдија. Едноставно е власта си прави лакрдија со состанувањето на Собранието, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ.

-По првите 30 дена вонредна состојба требаше да се собереме. Треба да се видиме што е причината за ова противуставно собирање на пратениците и Собранието. Едноставно е нема уставна одредба за свикување на Собранието во оваа ситуација сега. Ова е исклучиво правно прашање и правна дебата. Ние треба да најдеме решение. Владата имаше 30 дена да направи доволно антикризни мерки и слично. Ако барањето беше дека на владата и треба вонредна состојба за да се одговори на кризата во ред така и се договоривме на првата средба. Ме интересира зошто сега се потребни дополнителни 30 дена. По првомајските празници се најавува и попуштање на мерките и за тоа треба да разговараме, рече Мицкоски.

Според него втората вонредна состојба беше еднострана.

-Јас само сакам да кажам каде е направена грешката. Ова сега што се случува со свикување на Собранието е лакрдија. Власта си прави лакрдија со состанувањето на Собранието, рече Мицкоски.

Коронавирус