понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Власта се плаши дали уредбите кои сега ги носат ќе ги аминува ново собрание каде тие ќе немаат мнозинство и туркаат кршење на Уставот

Мицкоски: Власта се плаши дали уредбите кои сега ги носат ќе ги аминува ново собрание каде тие ќе немаат мнозинство и туркаат кршење на Уставот

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „360 степени“ каде што посочи дека власта сериозно се плаши дали сега што ги носи уредбите ќе ги аминува новото собрание, каде што тие сигурно веќе нема да имаат сигурно мнозинство, бидејќи на претстојните избори ќе бидат казнети од граѓаните. А, со самото казнување ќе се увиди колку оваа недемократска власт го има кршено Уставот на Република Македонија.

„Зошто власта сака да се состане парламентот противуставно? Што е целта? Сега ние тука можеме ќе ја погодуваме која е целта. Првата цел е, она официјално кое што го слушам тоа е практично да сите овие уредби кои што беа донесени од страна на оваа техничка влада со двотретинско мнозинство во рамките на Парламентот ги потврди па да биде на сигурно. Бидејќи знаат дека во следниот состав на Парламентот можеби нема да имаат можност, да имаат мнозинство. Можеби нема да бидат тие кои што ќе ја составуваат Владата. Па се плашат од исходот на една таква ситуација“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е кредибилно и легитимно власта да е уплашена бидејќи знаат дека ќе изгубат на следните парламентарни избори, кога и да се случат. И така уплашена власта сега се обидува противуставно да го соберат овој состав на поранешни пратеници.

ЕУРО 2020

Македонија