понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Мицкоски: Власта се изживува со Груевски, за да одвлече внимание од други теми

Мицкоски: Власта се изживува со Груевски, за да одвлече внимание од други теми

Во ексклузивното интервју за КУРИР претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето за одлуката на судот за затвор на поранешниот премиер Никола Груевски вели дека е монтиран процес.

-Политички монтиран е случајот затоа што човекот е невин, и одговара за случај каде нема финансиска штета, а доброто, автомобилот го користи Владата. Па нели велеа ќе го продале, ќе ги искористеле парите, арно ама гледам некако им користи. И јас не можам да одобрам политичка хајка испорачана од заробеното „Кацарска судство“. Погледнете каква хајка се случува во последниве неколку дена, колку оркестирирани од власта нарачки излегуваат во дел од медиумите, невистини шпекулации, нечовечко ликување кое треба да го потхрани егото на неколкумина од власта, жедни за спектакли кои треба да ги покријат останатите прашања. Па ќе нарачаат текстови за тоа како го виделе автомобилот на Груевски пред Шутка, па тргнал или не тргнал, па започнаа да вмешуваат делови од приватниот живот, едноставно тоа се претвори во тема со која се изживува власта за да се покрие нивната неспособност на сите други теми и области, вели Мицкоски.

Тој додава дека е човек кој верува во Бога и знае дека сега се чуствуваат силни, можеби туѓото страдање ги чини задоволни, но треба да знаат дека тоа што оставаат зад себе, ќе дојде ден кога ќе го најдат пред себе. Во Македонија мора еднаш да започне да функционира правото и правната држава и ние ќе се избориме за тоа. Ќе го ослободиме судството, ќе обезбедиме граѓанинот да се чуствува сигурен и заштитен, а за сите неправди, кршења на законот ќе има санкции.

Коронавирус