понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Вести

Мицкоски: Власта сака народот да мисли дека сите се исти, но многу сме различни, мора да се победи апатијата и да се донесе надеж

Мицкоски: Власта сака народот да мисли дека  сите се исти, но многу сме различни, мора да се победи апатијата и да се донесе надеж

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Заспиј ако можеш“ на Алфа истакна дека власта води кампања да ги убеди граѓаните дека сите се исти, за да не бараат промени, но додава дека ВМРО-ДПМНЕ се различни и дека со поддршка на граѓаните ќе се победи апатијата која ја создава власта и ќе се донесе надеж во Македонија.

– Има скапо платена кампања од власта која ја турка низ своите медиуми, дека сите се исти. Ние велиме дека не се сите, исти, напротив дајте ни шанса да покажеме дека не се сите исти и дека најдобрите денови за Македонија допрва доаѓаат. Граѓаните не треба да ја губат надежта, јас ги разбирам, бидејќи 4 години се поминати со оваа власт во безнадежност, лаги, корупција и криминал, рее Мицкоски.

Тој гранатира дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ја добие поддршката и довербата најдобрите години допрва следат.

– Затоа ние нема да водиме негативна кампања, не верувам дека постои објективен човек кој верува дека оваа влада прави нешто добро. Сите се убедени дека оваа влада не чини. Само тие кои имаат поврзаност материјална или финансиска со оваа власт не се објективни, и од своите канцеларии и скапи автомобили не гледаат дека половина милион гладуваат, а останатите едвај врзуваат крај со крај. Граѓаните не треба да се разочарани, нудиме поразлично и сум оптимист. Ова се одлучувачки избори, бидејќи после силна победа ќе имаме делегитимирана влада, потенцираше Мицкоски.

Локални избори 2021