недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

Мицкоски: Власта покажа дека нема капацитет да организира демократско изјаснување

Мицкоски: Власта покажа дека нема капацитет да организира демократско изјаснување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју во емисијата Отворено за ТВ Алфа истакна дека власта на СДСМ нема капацитет да организира демократско изјаснување, нагласувајќи дека имало низа на нерегуларности и девијантно однесување од страна на лица кои ги полнеле кутиите на одредени избирачки места, додавајќи дека ваквото однесување ја враќа Македонија наназад и претставува навреда за граѓаните на Република Македонија.

-Во местото Брушино во Арачиново, избирачко место 2340 каде што просечно во изминатите изборни циклуси излегувале околу 40 проценти од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список, сега излегле повеќе од 80 проценти. Но она што е интересно е што наеднаш добиле желба за излегување е помеѓу 17 до 19 часот, каде што процентот за излезеност пораснал од 38 на 81 проценти. Кога тоа математички би го свеле на операција тоа значи секои 15 секунди по еден гласач успеал да го оствари своето гласачко право, што е навистина  спротива на сите закони на физиката, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски додаде дека и во скопските општини, како и во цела република имало голем број на нерегуларности.  Како што рече тој во Кичево во село Зајас на избирачкото место 815 изминатите изборни циклуси каде што излегувале луѓето на гласање бил 40 процени, додека сега има двојно повеќе околу 80 проценти, додавајќи дека проценти се зголемил на 80 проценти помеѓу 17 и 19 часот.

Во Шишево во Сарај во принцип излегувале некаде околу 50 проценти, до 52 проценти изминатите изборни циклуси, а за референдумското изјаснување тоа е некаде околу 89проценти, а драматично се зголемува бројот на гласачи кои решиле да излезат на овој  референдум повторно помеѓу 17 и 19 часот, објасни тој.

Мицкоски истакна дека има голем број на евидентирани нерегуларности, при што додаде дека според анализата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 50.000 гласови кои на насилен и девијантен начин се брутално полнети во кутиите.

-Отприлика нашата анализа покажува дека повеќе од 50.000 гласа на ова референдумско изјаснување се гласови кои на насилен и девијантен пат се брутално полнети во кутиите, односно се полнети кутиите, изјави Мицкоски.

 

Коронавирус