вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Власта е делегитимирана, создаваме нова иднина, започнуваат промените, македонски народе нема да ве разочараме

Мицкоски: Власта е делегитимирана, создаваме нова иднина, започнуваат промените, македонски народе нема да ве разочараме

Македонија е преважна за мали соништа. Стравот никогаш не ја гради иднината, но надежта да. Македонијо од вечерва започнуваш да го живееш нашиот голем сон за нова иднина и надеж за секој еден човек. Многумина се сомневаа дека успехот е можен, но надежта победи. Македонија мора да се менува, а промените започнаа од вечерва. Надежта ја победи апатијата  и нејзината сила ќе расте, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сите заедно за новата иднина. Заеднички и сложно, да го оствариме сонот за кој цели 30 години сонуваме, а никако да го постигнеме. Кажете им на нашите браќа и сестри од сите краеви на Македонија, од Тетово до Битола и Охрид, и Кочани, од Скопје до Гевгелија  ова е денот од кога почнуваат промените. Промени кон подобро. Промени на имиџот на државата, промени за заштита на интересите на секој еден човек. Промени за обединување за подобар живот и силен стандард. Промени кои ќе ја донесат иднината за која се бориме. Ова е убедлива победа, ов а е победа на народот на Македонија. Им благодарам на сите граѓани на Македонија кои излегоа да гласат, но и оние кои не гласаа, а чија доверба ќе продолжиме да ја бараме. Благодарност до сите граѓани од сите партии и етнички и верски заедници, леви и десни. Една е за сите нашата Македонија, сплотена и заедничка, истакна тој.

Мицкоски испрати благодарност до сите политички партии од Коалицијата за Обнова на Македонија.

-Заедно поминавме низ многу премрежја  заедно, но еве дојде моментот кога сето тоа се исплатеше за народот на Македонија . Заедно успеавме да ги победиме. Успехот е можен, затоа што вербата е силна.  Благодарност до политичките партии коишто не подржаа, како  Алтернатива , Алијанса за Албанците, благодарност до Левица на Димитар Апасиев. Затоа што сите заедно срушивме бариери, докажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен. И поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање. Покажавме дека и покрај разликите сепак можеме да се обединиме околу заедничка цел. Македонија без корупција која ќе се развива и оди напред. Македонија во која ќе се бориме да биде интегрирана во ЕУ. На стабилен систем каков што немаме. Тоа докажува дека еден опозициски блок е речиси сосема извесен дека ќе однесе огромна победа на следните парламентарни избори кои е многу веројатно дека ќе бидат предвремени. Благодарност и до коалицијата на ЛДП и ДОМ што одлучија на најдемократски начин да остават на гласачите поточно граѓаните да одлучат по сопствена волја. Ние тоа високо го вреднуваме и почитуваме.  Благодарност и до сите оние политички субјекти кои учествуваа во оваа би рекол помалку или повеќе демократска трка. Денеска да се радуваме, но не треба премногу да славиме затоа што она коешто се случуваше помеѓу двата круга на овие избори е навистина нешто не треба да го заборавиме. Насилното однесување, поткупот, притисоците и заканите и уцените, уништувањето на човечкото достоинство. Тоа е она кое што оваа власт во заминување го направи на народот на Македонија и тоа нема да го заборавиме, истакна Мицкоски.

Тој на јавноста и ги соопшти резултатите од денешниот втор круг на локалните избори:

„Победивме во Битола. Повеќе од три илјада (3000) разлика Тони победи во Битола. Победивме во Брвеница. Јоцо нека ти е честита победата во Брвеница. Победивме во Василево. Славе, работа те чека. Спасе победи во Вевчани. Доне, Андон силно мотивиран кога бев сега во Гевгелија ја видов таа искра, таа желба со која што Адон работеше. Андон победи, Доне победи со повеќе од две илјади (2000) гласа во Гевгелија.

Денеска сосема случајно, цел Демир Хисар определен период остана без струја. Ама Никола победи. Нека му е честита победата во Демир Хисар. Коста победи во Зелениково и покрај тоа што денеска имаше брутален, брутален напад од страна на многумина кои што правеа се само Коста да не победи. Но, Коста победи во Зелениково.

Златко победи во во Конче. Конче е повторно е со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да му ја честитам победата на Љупчо Папазов во Кочани. Победивме и во Кочани. Сонаќа беше навистина тешка вечер во Кочани, се бореа храбро, се бореа достоинствено и одлучно. Му честитам на целиот тим таму во Кочани и оваа победа ја заслужија.

Победивме како коалиција и во Кратово. Тодорче победи со повеќе од илјада (1000) гласа разлика. Многу се радувам и многу сум среќен што Бошко покажа и докажа дека е достоен за тоа што четири години ќе биде градоначалник на Лозово.

Вчера бев на кафе во Македонска Каменица, а претходно го гледавме првото полувреме на дербито на истокот, помеѓу Слога Виница и нормално Саса од Македонска Каменица. За жал, Саса загуби, но затоа пак, Димче победи денеска во Македонска Каменица.

Жарко победи во Македонски Брод. Македонски Брод има нов градоначалник, Жарко Ристевски. Повеќе од четири илјади (4000) разлика за Пецак во Охрид. Александар победи во Пехчево. Александар Китански победи во Пехчево. Многу сум радосен и среќен што победивме и во Радовиш. Ацо победи со повеќе од две илјади (2000) разлика во Радовиш.

Јовче Този победи во Ресен. Да му ја честитаме победата. Чешиново Облешево има нов градоначалник. Далибор е новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Многу сум среќен што победивме и во Ранковце. Победивме и во Ранковце. Таму имаше, нашиот и идниот градоначалник на Ранковце брутален притисок од неколку мина послушници на Љупче Николовски и многу се радувам и многу сум среќен што и во Ранковце успеаа храбро да оддолеат на сите притисоци, кои што на секаков начин се правеа изминатите денови.

Коалициониот партнер, Стевчо Јакимовски победи во Карпош. И конечно, сакам да ја честитам победата независниот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, индиот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

И, сакам да кажам, многумина велат Ск0пје бил ВМРО-вски град. Да, е но, Скопје е пред се слободен град. Скопје е слободен град исто како што, драги пријатели, Македонија е слободна од утре. Македонија се ослободува од хибридниот режим“.

-Почитувани, оваа победа е голема бидејќи доаѓа во услови кога изборниот резултат процес изобилуваше со огромни нерегуларности. Денес во Македонија, знамињата беа високо на јарболите и требаше да биде свечен ден за демократијата. Но, ова беше уште еден тажен ден за тоа колку недемократска власт имаме. За притисоците, за бруталната и досега невидена злоупотреба на државните институции. Тие ги имаа институциите кои ги злоупотребуваа, ние го имавме народот кој не поддржа. И не можам да ви опишам, колку оваа победа преставува одговорност за мене и за луѓето кои што работеа и кои се дел од мојот тим. Сакам да се обратам до идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, немојте ни за секунда да го разочарате народот. Заборавете на привилегиите кои ги носи функцијата, засукајте ги ракавите и од утре на работа. Вашите фотељи заменетеги со терен и работа со граѓаните, носење решенија на нивните проблеми. Заборавете на матни тендери, договори во четири очи, што се одлика на власта во заминување и никогаш не заборавајте од каде доаѓаме и од каде сме сите ние и од каде почнавме. Јас ќе бидам најверната сенка во работа и ваш пријател, но и нај остриот критичар доколку не успеете. Овој народ заслужи и мора да види разлика и резулати, а народот мора да знае дека зад секој мој збор, кажан во кампањата, ќе стојам до последната запирка, рече тој.

Мицкоски порача дека власта го загуби кредибилитетот.

-И сигурно ве интересира што понатаму? Борбата продолжува и нема запирање, власта го загуби кредибилитетот. Нашата борба и нашата победа е пораз на сите политики на власта. Имаме драги пријатели многу работа пред нас и резулатати да испорачаме. Не смееме да изневериме. Ова е огромна доверба и ние знаеме и ќе знаеме да ја почитуваме, но и да се плашиме од нејзе. Во однос на ново мнозинство, оставете времето да ви одговори на многу работи. Власта е делегитимириана и тоа е од вечерва, и таа е новата реалност која очекувам со тек на времето да се манифестира и во парламентот. Но најдобро би било тоа да биде преку предвремени избори. За да може промените на подобро да го земат целиот замав и да бидат еден целосен процес кои ќе се случи на сите нивоа, времето ќе покаже. И сакам да се обратам до мојот политички противник, лично до Зоран Заев, сакам да го замолам да размисли добро што ќе бидат следните чекори да се надмине себе си и да го направи најдоброто за Македонија, да ја разбере конечно пораката, а тоа е дека е доста и треба да замине. Нема повеќе место за криминал, измами и порази за Македонија и народот на Македонија. Би сакал да испратам порака и до оние триесетина луѓе во СДСМ кој ја имаат окупирано Македонија, народот ви испрати порака, немојте да заглавувате уште повеќе во калта во која ја однесовте Македонија. Нетреба само Заев да си оди туку и Заевизмот и се она што тој претставува. Драги пријатели сосема на крај, народе македонски, народе на Македонија, нема да ве разочарам, затоа што сета ваша болка е и моја болка, сите ваши разочарувања се и мој разочарувања. Мојата надеж е и наша заедничка надеж, одиме до конечна победа и нова иднина, мора да свртиме нова страница, заеднички патриотизам и нови победи, заклучи Мицкоски.

Коронавирус