петок, 25. септември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Мицкоски: Владата со истите лаги и ветувања излегува трета година по ред

Мицкоски: Владата со истите лаги и ветувања излегува трета година по ред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отворената дебата на МТВ потенцираше дека власта веќе трета година по ред ги лаже граѓаните со истите ветувања кои никако да станат реалност. Тој посочи дека при отсуството на реални политики власта веќе трета година излегува со исти тези, замајувајќи ја јавноста и лажејќи ги граѓаните.

-Во отсуство на структурни реформи, во отсуство на сериозни проекти во енергетиката, инфраструктурата во економијата вие не можете пред јавноста да излегувате со истите тези веќе трета година по ред и да се обидувате да ја замајувате јавноста дека ова ќе се случи или тоа ќе се случи. Мицкоски истакна дека од страна на власта минатата 2018 година била исто како и 2019-та година најавувана како година на економски бум, година кога реализацијата на капиталните инвестиции изнесуваше катастофални 60-тина проценти , напоменувајќи дека станува збор за реализација на ребалансиран буџет.

Коронавирус