понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Мицкоски: Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас- посегна по граѓаните зголемувајќи ги давачките

Мицкоски: Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас- посегна по граѓаните зголемувајќи ги давачките

Уште еден црн ден за македонската економија, повисоки даноци од Владата кои удираат по стопанството и граѓаните. Оваа криминална влада за да го покрие украденото, и да ги пополни дупките во буџетот се одлучи да посегне по граѓаните зголемувајќи ги давачките, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-За да има доволно пари за тендери за цвеќиња од 650 илјади евра, за криминални иновации и за тендери во здравството кои се префрлаат од ќерката директор на таткото бизнисмен, мора да се покрие од парите од граѓаните. Ова несомнено може да предизвика и поскапување на цените во стопанството. Рамниот данок беше воведен со причина, Македонија од земја со најниски даноци во Европа станува земја со зголемени даноци и дополнително неатрактивна за инвестирање. Додека го менуваат името, криминалот цвета, матните бизиси енормно растат, проекти нема, инвестициите се на минимално ниво, ветувањата не се остваруваат, а цехот за целата неспособност на крими Владата на Заев треба да ја платат граѓаните. Неморално, неоправдано, недозволиво. Владата покрај политичкиот хорор, приредува и економски ужас. Тоа мора да престане, а Македонија со здрави политики да тргне напред, додава Мицкоски.

Коронавирус