среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Мицкоски: Владата нема реализирано ниту една реформа и проект

Мицкоски: Владата нема реализирано ниту една реформа и проект

-Не е само економијата, вие кажете ми една реформа во оваа една и половина година, Влада на СДСМ. Една реформа. Еве воведоа минимална плата, ветија дека секоја година ќе ја зголемуваат, лани шпекулираа пред локалните избори еве оваа година не ја зголемија таа минимална плата, затоа што видоа дека им е катастрофална, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа говорејќи за лошите економски резултати  на Владата на СДСМ и намалените проекции за раст на БДП од страна на сите светски и домашни релевантни извори.

Мицскоски ги спомена и неостварените ветувања во врска со минималната плата која до крајот на мандатот на СДСМ требаше да достигне 16 илјади денари, а време има се помалку за да се стигне до оваа бројка. Тој го спомена и растот на БДП кој минатата година изнесуваше нула проценти, а годинава според НБРМ ќе изнесува 2,3 % додека СДСМ како опозиција ветуваше раст од 5 проценти на годишно ниво.

 

 

Коронавирус