недела, 29. март 2020. Вести денес: 21
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Владата нека го примени онашто го предлагаме, медицинскиот персонал голораки се борат против корона

Мицкоски: Владата нека го примени онашто го предлагаме, медицинскиот персонал голораки се борат против корона

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МТВ денеска истакна дека власта треба да го применува онашто го предложува ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е во насока на грижа за здравјето на граѓаните, како и тоа дека треба да се заштитат и подржат луѓето коишто во прва линија се борат голораки против пандемијата, заради недостиг на медицинска опрема.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е во институциите, како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справуваме со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

-Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат, вели Мицкоски во интервјуто.

Тој посочи дека луѓето во здравствените установи се борат голораки, медицинскиот персонал има недостаток на маски, на ракавици, на скафандери и се заболуваат.

-Се плашам во овие услови во коишто работи медицинскиот персонал, деноноќно и голораки се борат за да се справат со пандемијата дека ќе почнат да ни се разболуваат се повеќе. Мицкоски праша дали министерот за здравство има Протоколол за однесувањето на медицинските лица после нивното работно време? Тој вели како ќе се заштитат тие медицински лица и останатите во нивното семејство од евентуални контакт со панемијата, кога не постои таков Протокол.