сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски: Владата не може да ги обезбеди парите кои се неопходни во економијата

Мицкоски: Владата не може да ги обезбеди парите кои се неопходни во економијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во „Отворено студио“ каде што посочи дека данокот за првиот квартал што го има соберено УЈП е за 3,3 милијарди денари помалку. Било предвидено да се собере околу 8,9 милијарди денари, но за жал се соберени само 5,6 милијарди денари.

-Тоа што се побара од банките, банките го испорачаа. И јас сум граѓанин на оваа држава. И јас имам обврски кон банките, лизинг за возило, потрошувачки кредит кој што го сервисирам, големо мнозинство на граѓаните имаат такви обврски. Сите бевме загрижени како ќе се однесуваат во тој момент банките. И сите се боревме тогаш банките да преземат сериозни чекори во тој момент, тие преземаа делумно тоа беше одложувањето нели, репрограмот на отплатата на обврските кон банките, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека кога станува збор за бизнис заедницата, ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетно дијаметрално различен пристап од СДСМ во делот на поддршката за бизнис заедницата.

-Ние велевме никако не треба да се исклучи март. И тоа се покажа сега, затоа што ако вие го видите данокот кој што го собра УЈП во месец април, а се собираше за март, првиот кавртал од 2020-тата година е за 3,3 милијарди денари помалку од планираниот. Планиран би да се собере околу 8,9 милијарди денари собрани се околу 5,6 милијарди денари. Тоа се 55 милиони евра помалку. Со тоа може да се согледа дека на бизнисот му било тешко, нагласи Мицкоски.

Мицкоски образложи дека бизнисот едвај го преживувал тој период.

Најнови вести

Коронавирус