петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Владата наместо да крати од работниците, нека ги подмири 50% од бруто трошоците за секој вработен и нека ги замрзне кредитите

Мицкоски: Владата наместо да крати од работниците, нека ги подмири 50% од бруто трошоците за секој вработен и нека ги замрзне кредитите

Во денешното интервју за МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за мерките кои Владата треба да ги примени со цел подобрување на економската ситуација во државата. Мицкоски потенцираше дека уште пред две седмици на средбите во Владата на Република Македонија дискутирал со претставници на Владата и им ги понудил неколкуте мерки преку кои смета дека економијата ќе може да се стабилизира.

Една од мерките е до 50% од бруто трошоците да ги субвенционира Владата, тука спаѓаат нето платите и сите дополнителни придонеси. Потоа да се замрзне главнината и каматата кај банките, односно заемо давателите. Мицкоски додаде дека не е коректно да се кратат средства од администрацијата и од обичните работници, бидејќи најголемиот дел од товарот треба да го понесат тие кои тоа го можат, а не оние кои егзистираат со просечна македонска плата.

-Доколку се намалат редовните примања на администрацијата и се сумата се сведе на 14,500 денари, тоа значи дека ќе опадне трговијата, бидејќи луѓето ќе немаат средства за снабдување и обезбедување на секојдневни потреби од секојдневниот живот. Тогаш кризата ќе ја почувствуваат и најмалите маркети кои служат за прехрамбени производи, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш предложи низа мерки меѓу кои и обезбедување на средства од странски банки и извори за да се одржи ликвидност на компаниите и буџетот.

Имено, Мицкоски потенцираше дека како партија уште пред неколку седмици на своите прес конференции укажале на тоа дека доколку позајмиците од странските банки не се земат во вистинско време ќе пораснат каматите, а за тоа некој ќе треба да сноси одговорност бидејќи се работи за огромни суми.

Владата мора да донесе разумна одлука на страна од политиканството и суетата. Во Република Македонија не може да се направи т.н ,,урамниловка” бидејќи македонските граѓани и вака едвај го поминуваат месецот, заврши Мицкоски.

Коронавирус