вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата ја води државата во погрешен правец, изборите се логично решение за крајот на неспособната влада

Мицкоски: Владата ја води државата во погрешен правец, изборите се логично решение за крајот на неспособната влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизијата Шења истакна дека во едно демократска земја нормално е опозицијата да бара предвремени парламентарни избори се со цел да понуди нови политики и решенија за проблемите на граѓаните.

Како што рече Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ барала предвремени парламентарни избори и поради тоа што владата на СДСМ не ја носи државата во нагорна насока, туку во погрешен правец и поради тоа логично е да има избори како крај за сите лоши политики кои што ги спроведуваа изминатиот период.

-Ние како политичка партија во неколку наврати во минатото баравме предвремени парламентарни избори бидејќи како основа на функционирањето на опозицијата е да бара предвремени парламентарни избори, се разбира и за тоа во секоја зрела демократија е добро да имаме опозиција која што ќе биде амбициозна, која што ќе сака да се натпреварува со власта во еден изборен циклус и да победи се разбира да понуди нови политики и нови решенија и тоа е добро. И второ затоа што оваа влада според нас, но и според огромно мнозинство на граѓаните и ако ги погледнете последните анкети ќе видите дека не ја води државата во нагорна насока, туку сосема спротивно и тоа во погрешна насока и мислам дека можеби требаше многу порано пред сето ова да ни се случи да имаме ние предвремени парламентарни избор, вели Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус