понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Мицкоски: Владата и Заев креираат хаос и се наддаваат за спорот со името, јасен знак за неспособност поради која мора да си одат

Мицкоски: Владата и Заев креираат хаос и се наддаваат за спорот со името, јасен знак за неспособност поради која мора да си одат

Пред очите на целата јавност гледаме како се одвива вистински хаос креиран од владата и премиерот во поглед на најсуштинското прашање, а тоа е спорот со нашиот јужен сосед, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Збунувачки за целата јавност е што меѓународен медиум тврди дека Премиерот Заев рекол дека би се согласил на одредени измени на Уставот, а еве денес владата го дообјаснува и вели дека тоа не е така. Пред некој ден Заев тврдеше дека решението кое се разговара со Грција треба да биде преведено на сите светски јазици, додека предлогот на медијаторот Нимиц предвидува името на државата да биде на Македонски јазик со латинични букви, без превод, т.е., да се преведува според вољата на спротивната страна. Претходно, според тврдењето на многу присутни новинари, на владиниот брифинг премиерот Заев тврдел дека референдум за името не е неопходен во овие моменти дури и ако се постигне согласност со Грција за некое прифатливо решение, а кога е пред камерите тврди сосема друго. И како да не беше доволно што јавно лицитираше став дека е прифатливо име со географска одредница, па сега продолжува понатаму и во странски медиум надава со конкретни имиња за државата во исто време кога од грчка страна имаме засилување на максималистичките барања. Вистинската дилема што е следно, и дали утре ќе излезе некој од владата да го дообјасни за овој негов последен став? Кои се јасните позиции на владата и зошто постојано се поместуваат црвените линии ако воопшто владата ги има? Наместо лицитирање по медиуми потребна е сериозна дипломатија со која ќе се заштити идентитетот на Македонија и македонците, националните и државни интереси. Од она што може да се воочи Владата и премиерот се водат по принципот “пиши-бриши” политика која е исклучително опасна и со која трајно се нанесува штета на позициите на Република Македонија кон ова најважно за нас прашање. Демонстрирањето на аматеризам и неспособност е јасен знак дека оваа влада мора да си замине и тоа час поскоро, пишува тој.

Коронавирус