сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Мицкоски: Владата апсолутно капитулираше прифаќајки ултиматум од Грција

Мицкоски: Владата апсолутно капитулираше прифаќајки ултиматум од Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат М ТВ вели дека договорот со Грција е капитулански договор кој во многу основи значи прифаќање на Грчките позиции.

Тој потенцира дека кога се има договор, логично е да се постават почетните позиции на едната и на другата страна и решението да се бара внатре во рамките на тие позиции.

-Во овој случај нашата страна апсолутно капилутираше и го прифати улитматумот од спротивната страна. Јас не велам дека договорот треба да биде симетричен 50-50, еве нека биде асиметричен, но нека не биде 100:0 за спротивната страна. Во изминативе 6 месеци ние имавме едно калкулантско водење на преговори, егзебистионистично. Јас знам дека тие немаат капацитет да се справат со реалните проблеми на граѓаните од областа на економијата на здравството или слично, подвлекува Мицкоски.

Според Мицкоски, се нема визија како да се води државата, а како потврда дошле овие преговори што значи дека и во дипломатијата се води катастрофална политика која донела апсолутна катастрофа за Република Македонија.

Коронавирус