вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 168
home Вести

Мицкоски: Вистината е дека Заев ги распродава идентитетските обележја, Бугарија нè блокира, а европските бирократи молчат

Мицкоски: Вистината е дека Заев ги распродава идентитетските обележја, Бугарија нè блокира, а европските бирократи молчат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостува во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Мицкоски при своето гостување посочи дека додека Заев ги распродава идентитетските обележја европските бирократи молчат.

„Таа е вистинската, вистина која што ја живее секој просечен Македонец и тоа го чувствува. Е, сега ако сакате јас да не ја говорам вистината или да лажам, тогаш можам да се умилкувам, додворувам, коленичам пред нашиот источен сосед или пред другите соседи, или пред некои други бриселски авторитети. Но, тоа е според она што јас го гледам и го чувстувам и го добивам од граѓаните како нивна перцепција за реалната ситуација“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта македонските граѓани ги понижи, промени име на држава и смени Устав, а сето тоа го направи надвор од волјата на граѓаните.

„Го уништивте кредибилитетот на законодавниот дом, со оние трговии, пратеници носени да грасаат, неносени, ослободувани од притвори. Направивме се што буквално се бараше и ветувано тогаш беше дека приемот во НАТО не се доведува под знак прашање но исто така и започнувањето на преговорите, за да денеска слушаме од истите тие луѓе изјави или барем дел од тие луѓе, дел се срамат што ете ја живеат оваа реалност, дека треба сега уште ова да се направи. А, откако тоа ќе се направи тогаш веќе готово ќе не примеле или ќе сме отпочнале преговори. А, јас сум убеден дека потоа ќе излезе нешто друго, нешто трето итн“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека условувањата продолжуваат од соседни земји, а Заев се испорачува без да го праша македонскиот народ.

Коронавирус