вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 88
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ вети намалување на загадувањето на воздухот за 50% и милијарда евра за гасификација и мерки за животната средина

ВМРО-ДПМНЕ вети намалување на загадувањето на воздухот за 50% и милијарда евра за гасификација и мерки за животната средина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред огромниот број на граѓани на денешниот собир порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи не помалку од една милијарда евра за заштита на животната средина.

-Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50% почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача тој.

Вети инвестиции во образованието, за најмалите од претшколска возраст, за студентите обнова на студентските домови, најмалу еден универзитет на Шангајската листа.

Во образованието, Мицкоски вети инвестиции во вредност не помала од милијарда евра.

-Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за нови замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти, клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од 2 милијарди евра во еден мандат инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори, тука да останат во Македонија и да ги лекуваат македонските граѓани, рече Мицкоски.

Меѓу многуте проекти кои ги кажа, најави и дека за земјоделците подготвуваат специјален пакет, редовна исплата на субвенциите, а не редици еднаш годишно.

Коронавирус