среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 3
home Вести

Мицкоски вети крупни проекти во образованието, земјоделството и за пензионерите

Мицкоски вети крупни проекти во образованието, земјоделството и за пензионерите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со земјоделците, просветните, здравствените и спортските работници од Велес.

-Заедничко за сите овие луѓе е тешкиот живот и одземеното достоинство. Велат три години тапкаме во место, без шанса за да биде подобро, само лагата и ветувањата кои се повторуваат е она што добивме од власта. Тоа ќе се смени. Ќе го вратиме достоинството на просветните работници, енергијата и мотивот за работа кај здравствените работници, и секако поддршката за земјоделците кои се темелот на нашето општество. Се обврзавме во вредност од не помалку од една милијарда евра во образованието, истакна тој.

Мицкоски вети инвестиции во образованието за најмладите од претшколска возраст.

-За студентите, реновирани студентски домови. Најмалку еден универзитет на Шангајската ранг листа, и секако значителна поддршка на просветните работници. За земјоделците подготвуваме специјален пакет, редовна исплата на субвенциите, а не редици еднаш годишно. Загарантиран откуп. За највозрасните, за пензионерите враќање на стариот модел каде што два пати годишно растеа пензиите. Наскоро ќе излеземе со прецизен план како ова ќе го направиме, чекор по чекор. Обновата доаѓа, порача Мицкоски.

Коронавирус