недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Мицкоски вети 300 милиони евра за градба на водоводни канализациони систем и нови евтини авио-летови до главните аеродроми

Мицкоски вети 300 милиони евра за градба на водоводни канализациони систем и нови евтини авио-летови до главните аеродроми

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку прес-конференција вети 300 милиони евра за градба на водоводни и канализациони системи како и воведување на нови авио-летови до главните аеродроми.

-Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот. Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме, рече Мицкоски.

Тој додава дека се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Коронавирус