петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мицкоски вети 150 километри нови експресни патишта, Куманово-Крива Паланка, Струмица-Бугарија и Битола- Грција

Мицкоски вети 150 километри нови експресни патишта, Куманово-Крива Паланка, Струмица-Бугарија и Битола- Грција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку прес-конференција за јавноста вети дека во наредниот период следува обнова која ќе донесе изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

-Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава. Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија, рече Мицкоски.

Тој додава дека се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

-Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп, истакна Мицкоски.

Коронавирус