среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски вечерва во 20:30 часот гостин на телевизија Клан

Мицкоски вечерва во 20:30 часот гостин на телевизија Клан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин на телевизија Клан во 20:30 часот.

По тој повод тој сподели и статус на Фејсбук и ги повика сите да ја следат емисијата каде ќе се дебатира на различни теми.

-Вечер со почеток во 20.30 часот гостувам на ТВ Клан Македонија, очекувам разговор за најактуелните теми, за датумот за преговори кои оваа Влада не успева да го издејствува, за пописот, за економијата, за сегашноста и иднината. Следете, стои во неговиот пост на Фејсбук.