четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Вака изгледа надојден Вардар, шампиони честито!

Мицкоски: Вака изгледа надојден Вардар, шампиони честито!

Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Не направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача. Вардар покажа дека се е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе. Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ!, додава тој.

Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).

Коронавирус