вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски утре на дебата: Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми

Мицкоски утре на дебата: Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми

МТВ во понеделник во 20.15 часот организира двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.

-Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја. За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во минатото Христијан Мицкоски два пати го повикуваше премиерот Заев на дебата, тој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.

Коронавирус