сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 128
home Вести

Мицкоски: Тука сум полн со надеж во лицето на тешкото, проблемите, неизвесноста силата на надежта која носи промени е нескршлива!

Мицкоски: Тука сум полн со надеж во лицето на тешкото, проблемите, неизвесноста силата на надежта која носи промени е нескршлива!

Филозофијата на надеж е онаа што ги натерала партизаните да веруваат и да се борат за тоа во што веруваат и да ја создадат оваа држава исто како што ние денес говориме да создадеме нова иднина. Надежта на лекарите кои се борат храбро против пандемијата, на учителите кои го предаваат своето знаење  на идните генерации, на земјоделците кои со труд го посеваат родот и чекаат принос за да нè прехранат. Надежта која се бори и не можат да ја уништат! Надежта на референдумот за независност и искрата во очите на секој наш граѓанин при прославата на самостојноста. И конечно, надежта на еден млад студент на Машински факултет со име Христијан, слаб, височок и со наочари, кој уште тогаш верувал и сега сè уште верува дека Македонија може и има сила да биде тоа што сите ние го сонуваме, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Скопје.

И еве сум тука, додаде тој, полн со надеж!

„Надеж во лицето на тешкото! Надеж во лицето на проблемите! Надеж во лицето на неизвесноста“,кажа Мицкоски.

Според него ова е наша заедничка битка.

„Затоа што силата на надежта е нескршлива! Силата на надежта носи промени! Таа сила и таа надеж сте вие! Заедно кои сакаме да го живееме сонот на една подобра Македонија, во иднина која заедно ќе ја создаваме! Тоа е мојот сон. И јас верувам во него. Верувам дека ќе излеземе од овој вртлог на апатија и разочараност. Ќе дојде светол ден! Ви ветувам“, порача Мицкоски.

Коронавирус