вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Мицкоски: Три години сум предмет на брутални лаги и напади, но јас ќе опстојам и ќе ги победам

Мицкоски: Три години сум предмет на брутални лаги и напади, но јас ќе опстојам и ќе ги победам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија на штипска телевизија ТВ Стар каде што посочи дека во изминатите три години е предмет на брутални лаги, напади и измислици но дека во таа битка тој ќе опстои и ќе победи.

„Некој со лага создал таква перцепција поради тоа што корумпирал икс медиуми во државата да зборуваат против, со лаги, конструкции, измислици и шпекулации. Еден политичар набројте ми, кој што, како што сум бил јас во изминативе три години е напаѓан со се, само не со вистина и политики во овие триесет години. Од политичкиот противник и од внатре. Еден набројте ми, не постои. Но јас ќе се борам и колку е потешка таа битка толку знам дека целта е поисправна. Ќе се борам до крај. Додека можам ќе се борам, и ќе ги совладам на крај‘‘ нагласи Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека тој ветува дека за се потоа ќе има одговорност.

Коронавирус