петок, 14. мај 2021. Вести денес: 19
home Вести

Мицкоски: Треба да престане притисокот на власта врз националните медиуми, аферата “Мафија” дел од нив ја третираат пред временската прогноза  

Мицкоски: Треба да престане притисокот на власта врз националните медиуми, аферата “Мафија” дел од нив ја третираат пред временската прогноза  

Вечерва во “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека медиумите не се слободни. Но, тој повика дека народот не смее да преќутува неправди и дека мора да се бори за едно здраво и демократско општество.

-Генерално народот не е задоволен од власта и тоа се рефлектира врз рејтимзите на политичките партии. Уште поголема би била таа разлика доколку не постои таа репресија која оваа власт се обидува да ја прави врз медиумите. Кога би се оставиле медиумите да имаат слободна уредувачка политика тогаш гарантирам во моментот предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во однос на СДСМ ќе биде двоцифрена. И тука нема дилеми, дециден е Мицкоски.

Постојат национални медиуми кои не објавија продолжи тој, а тие што ја објавија веста за тој италијанскиот корисник на македонски пасош ја објавија прес конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ таму некаде пред временската прогноза.

-А во првите вести зборуваат за тотално не битни работи и за економијата која наводно била во пораст што е небулоза. А истите тие позади камерите велат катастрофа е луѓе. Па чекајте, како ние ќе се бориме за здраво општество ако ја наведнуваме главата на јастуче. Па ќе исечат две, три или пет глави не можат да исечат 5 илјади или 50 илјади глави. Дајте да се бориме, рече Мицкоски.     
 
  

Коронавирус