четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 19
home Вести

Мицкоски: Тој член 353 од Кривичниот законик е членот по кој ќе одговараат луѓето од власта за криминал

Мицкоски: Тој член 353 од Кривичниот законик е членот по кој ќе одговараат луѓето од власта за криминал

Тој член 353 став 5 допрва ќе донесе штета на една плејада функционери од владата на СДСМ и Зоран Заев, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Анализа на Телевизија 24.

-Утре, задутре кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада треба да премолчи на целиот тој криминал кој што го видовме, целиот тој непотизам, сите оние нетранспарентности? Зарем треба да го премолчиме 35 милиони евра тендерот кој беше даден на фирма стара 7 дена?…, запраша Мицкоски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ има поднесено неколку кривични пријави за аферите на власта.