недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Мицкоски: Тоа што го бара Бугарија не е човечки, ниту политички коректно, бирократите од Брисел не треба да молчат по ова прашање

Мицкоски: Тоа што го бара Бугарија не е човечки, ниту политички коректно, бирократите од Брисел не треба да молчат по ова прашање

Денес во предновогодишното издание на дебатната емисија на “ТВ Клан” свое интервју даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за лошите владини политики, ветото од Република Бугарија, како и за перспективите на Република Македонија.

Мицкоски вели дека барањата на Република Бугарија се тотално неосновани и нереални поради тоа што тие всушност бараат Македонците да признаат дека не постоеле до 1945 година, а од наредната година почнале да постојат.

-Тоа е нешто што не е ниту логично, ниту пак реално во денешната политика во којашто јасно е прецизирано се што е поврзано со македонската нација, вели Мицкоски.

“Како ние да им објасниме на оние кои заминале во белиот свет на почетокот на дваесетиот век, а се Македонци, дека всушност тие не биле Македонци, туку дури после 1945 постои македонската нација? Ние сме разговарале со многубројни иселеници кои своите животни патишта ги креирале подалеку од овој континент, и тие луѓе насекаде велат дека се горди Македонци и ништо друго. Тоа е доволен показател за тоа дали Македонците постојат оттогаш од кога велат бугарските политичари или пак од многу одамна”, додаде Мицкоски.

-Ваквите барања од страна на Република Бугарија ниту се човечки, ниту етички, туку тотално надвор од здравиот разум и на ваквите барања не смее да молчи бирократијата во Брисел. Брисел е тој што е неопходно да реагира на ваквите притискања на македонската нација и притисокот кој одредени политичари го прават врз Македонците, истакна Мицкоски.

„Во тој кош не е само Македонија, туку и Албанија. За нив пак, Бугарија вели дека треба да го признае бугарското малцинство, за кое што нелогично е да се дискутира, бидејќи таквото барање е неосновано. Албанија и Бугарија немаат заедничка тема по тоа прашање, бидејќи никако не граничат. Тоа е доволен показател за кошкањето од Република Бугарија која што сега веќе јасно се гледа дека го прави поради наоѓање проблем и онаму каде што го нема“, заврши Мицкоски.

Коронавирус