понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 70
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Тимот на стратешки соработници од угледни поединци ќе помогнат во Обновата на Македонија

Мицкоски: Тимот на стратешки соработници од угледни поединци ќе помогнат во Обновата на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостување на вестите на телевизија Алфа истакна дека израниот тим од стратешки соработници ќе се проширува во периодот што следува, тоа се врвни професионалци, родољуби и имаат желба и мотивација да се приклучат кон Обновата на Македонија.

-Овие врвни угледни личности со голема мотивација и посветеност прифатија да бидат стратешки соработници мои, а со тоа и да помогнат во Обновата на Македонија, вели Мицкоски.

Тој истакна дека соработниците ќе бидат вклучени во изработката на визијата, стратегијата, плановите, новите политики на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а во иднина се тоа ќе биде преточено во политики на идната влада која што ја води ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потенцираше дека квалитет на неговите соработници , професионално портфолио, животно портфолио, и искуство навистина се една голема гаранција и ќе претставува голема додадена вредност во креирање на политики на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со голем дел од овие луѓе сум соработувал без исклучок со сите лично се познавам и можам да гарантирам за една успешна и плодна соработка. Се работи за натпартиски луѓе и нивната мотивација и желба да се приклучат во Обновата на Македонија ќе гарантира подобрување и изградба на држава која што Македонија заслужува да биде, и онаква држава каква што граѓаните посакуваат од нас политичарите да изградиме, вели Мицкоски за АЛФА.