понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 94
home Вести

Мицкоски: Тие не треба да се плашат од одмазда туку од правда

Мицкоски: Тие не треба да се плашат од одмазда туку од правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш истакна власта им се реваншира на поддржувачите на најголемата опозициска партија, и критичарите на владините политики.

-Ги распределиле од Скопје да работат во рудник во Кичево зашто пишувале критички статуси против власта. Избркале самохрана мајка зашто требале да вработат партиски војник. Избркале жена пред пензија за да има работа за децата на функционерите. Има брутални притисоци и кон припадниците на Министерството за внатрешни работи, професионалните војници. Се врши реваншизам кон овие луѓе зашто не се покоруваат. Сакаат да бидат професионалци. Не можат и одбиваат да бидат соработници на мафијашите и мафијата, рече Мицкоски.

Опозицискиот лидер вели СДСМ во изминатите четири години не промениле ништо, туку само ветуваат дека таа ќе стигне.

-До кога ќе ја чекаме правдата. 30 години на овој народ му поминаа во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се делува. Народот бара дела. Одбиваме да ги потрошиме нашите животи во чекање, рече Мицкоски.

Посочи дека сегашната владејачка гарнитура не треба да се плаши од одмазда, туку од правда.

-Таа ќе ги стигне сите, порано или подоцна, рече Мицкоски.

Коронавирус