четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 54
home Вести

Мицкоски: Тендерите и провизиите на власта и се поважни од човечките животи и вистината за модуларната во Тетово

Мицкоски: Тендерите и провизиите на власта и се поважни од човечките животи и  вистината за модуларната во Тетово

Власта уште еднаш покажува дека се и е поважно, односно врвен приоритет им се провизиите и бизнисите, а вистината и откривањето на вистината што се случуваше во модулрната во Тетово е на дното на нивните приоритети и ќе сторат се да ја заобиколат вистината, мислејќи дека вистината ќе остане неслушната, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за трите тендери од 30 милиони евра кои Филипче ги потпиша со веледрогерии блиски до СДСМ и одбивањето да се формира анкетна комисија за модуларните болници.

Мицкоски истакна дека тоа се две работи кои една со друга се поврзани бидејќи гледаме дека тендерите се поважни отколку тоа што се случува во здравството и оној немил и трагичен настан кој се случи пред некоја недела во модуларната болница во Тетово.

– Го партизираат ова прашање во пресрет на локални избори кое кај мене дава чувство на згрозување, но тоа се тие луѓе кои 4 години функционираат како парламентарно мнозинство. Ние ќе продолжиме да инсистираме на формирање на анкетна комисија и откривање на вистината, а тие нека продолжат да трчаат по провизии на сметка на здравјето на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека повторно ќе се испрати барање за формирање анкетна комисија затоа што треба да се знае зошто тоа се случи и да има одговорност, бидејќи 14 луѓе изгореа и тоа не треба да се повтори и дека тоа што се локални избори не е пречка да се закаже седницата.

– Доколку имаат сериозна намера имаат и сега време да свикаат седница, ова не се парламентарни, туку локални избори, можат да закажат и во среда и во четврток и немаат тие законска необврска да ја закажат. Ако сакаат и ако имаат намера треба да ја закажат седницата, нагласи Мицкоски.

Локални избори 2021