СБ во извештајот „Дуинг Бизнис“ потврдува дека имаме економско цунами и пад од седум места. Во Македонија нема реформи и наместо напред одиме назад, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното обраќање.
Според него, имаме пад во повеќе индикатори, како што е оној за почнување на бизнис, за градежни дозволи, регистрирање на имот, пад имаме и за индикаторот добивање на кредит.
Тој е загрижен дека овие назадувања ќе имаат влијание и на директните странски инвестиции во период кога државите од регионот имаат драстичен пораст.