среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски- Суомалајнен: Политичкиот прогон од власта врз опозицијата воопшто не придонесува кон решавање на општествените и политичките процеси кои се во застој

Мицкоски- Суомалајнен: Политичкиот прогон од власта врз опозицијата воопшто не придонесува кон решавање на општествените и политичките процеси кои се во застој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалајнен.

-На средбата се разговараше за стратешките приоритети на државата, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде конструктивен фактор во градењето на политичкиот амбиент за реализација на реформските зафати кои треба да донесат подобрување на квалитетот на животниот стандард и таквата конструктивност е базирана на принципиелни и разумни основи, информираат од партијата и додаваат:

„Мицкоски како сериозен проблем го посочи политичкиот прогон кој го врши власта врз опозицијата и дека тоа воопшто не придонесува кон решавање на општествените и политичките процеси кои се во застој. На разговорите беше посочено дека пратеничката група на партијата нема да учествува во работата на Собранието се додека не се создадат услови за нормално, демократско функционирање на оваа институција. Мицкоски исто така кажа дека за да се забрзаат интеграциските процеси на државата потребен е дијалог со владата, а самиот процес е двонасочна улица на исполнување на обврски и одговорности“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во партиското соопштение, истакна дека постои загриженост околу реформскиот процес и под знак прашање се доведуваат економските параметри, а со тоа и недостаток на капацитет кај оваа влада да ги реализира започнатите реформи посочи Мицкоски.

Коронавирус