петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 58
home Вести

Мицкоски: Средбата е од очекуван информативен карактер, да се заштитат националните и државни интереси

Мицкоски: Средбата е од очекуван информативен карактер, да се заштитат националните и државни интереси

Средбата беше од очекуван информативен карактер, министерот Димитров и премиерот Заев не информираа за текот на разговорите, преговорите, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вечерашнатa координативна средба за спорот за името.

-Исто така беше презентиран и предлогот од страна на господинот Нимиц, предлог кој помалку или повеќе и е познат на јавноста во Република Македонија. Можам да кажам дека од овој момент, па натаму, целокупниот процес за водење на преговорите поврзани со овој спор го води Владата, тој спор треба да продолжи и понатаму да го движи, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Мицкоски, е поддржувач силен и останува единствен на опцијата дека Република Македонија мора да биде дел од НАТО Алијансата и ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на државните и националните интереси на Република Македонија.