сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 99
home Вести

Мицкоски: Срамота е што вакцините кои за подарок ни ги даваат владата на Заев не може да ги реализира зошто нема план

Мицкоски: Срамота е што вакцините кои за подарок ни ги даваат владата на Заев не може да ги реализира зошто нема план

За да се случи повторно да се ослободи економијата мора политичарите да овозможат избор на граѓаните, а тоа е да им овозможат заштита од пандемијата. Единствена заштита од пандемијата, а да не го поминете вирусот и на тој начин да стекнете антитела е да се вакцинирате, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Неделен Брифинг“.

Мицкоски додаде дека премиерите во регионот, па и пошироко се борат од петни жили за да обезбедат вакцини за своите граѓани и да ги заштитат од КОВИД-19.

-Но за жал, тоа не е случај овде кај нас, гледаме дека и тоа како подарок што ни се дава не можеме да го прифатиме од проста причина едноставно немаме ниту план, ниту стратегија за која што пред неколку недели јас лично зборував и прашав, појасни Мицкоски.

Коронавирус