четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: Срамот на Заев не е наш срам

Мицкоски: Срамот на Заев не е наш срам

Ние сме за пријателство со соседите. Ние сме за соработка. Но, не пријателство на свиткана кичма. Пријателството подразбира да си подадеме рака, да се погледнеме меѓусебе и да си помагаме. Ниту бугарите немаат фајде од тоа ако не понижат. А особено боли кога, како што вчера уште еднаш посведочи цела Македонија, кога понижувањето доаѓа од својот род, рече во обраќањето на протестот пред влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Барам Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарскиот медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива-оставка од Заев! Оставка веднаш! Оставка на Заев, слобода на народот! Истакна Мицкоски.

Коронавирус